Хроника 25. мај 2018. / 11:50

Трагедија во тетовско: Машки труп пронајден во водите на Вардар

Трагедија во тетовско: Машки труп пронајден во водите на Вардар

Вчера околу 13:15 часот во близина на село Сараќино, тетовско, 65-годишниот М.К. од село Сараќино пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице.

Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за 91-годишниот Г.Ш. од село Стримница, кој на 17.05.2018 година бил пријавен за исчезнат.

Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.