Трагедија ја потресе Струга. Почина девојче при пад од пети кат од станбена зграда во центарот на градот.
Од полициската станица од Струга велат дека во 12 часот и 20 минути, примено е телефонско известување од Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка.
Девојчето било во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Мајката започнала да ја бара низ станот, но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо, по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хириргија при Општата болница во Струга. Девојчето било примено без знаци на живот, со сериозни повреди на черепот, вратот и рбетот, лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Повредите биле фатални за малолетното девојче.
Таму била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.