Хроника

Трагедија во Скопје: Починал откако ја спасил внуката од автобус

Трагедија во Скопје: Починал откако ја спасил внуката од автобус

Трагедија се случила вчера во Скопје околу 15.45 часот на ул. „Индира Ганди“.

-Додека К.Н. (55) од Скопје продавал на тезга, забележал дека возач на приватен автобус се движел кон тезгата и од непозната причина не можел да го сопре автобусот, по што удрил во тезгата. К.Н. ја оттргнал внуката од местото на настанот со цел да не бидат повредени, по што му се слошило и паднал во бесознание, информираат од полицијата.

Со друго возило бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.