Утрово околу 5.50 часот воз удри во возило на железничкиот премин кај Маџари во Скопје, при што едно лице загина.
Загинатото лице е полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
– Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место, информираат од МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој врши увид на местото на несреќата.