Хроника 08. октомври 2018. / 17:19

Трагедија во Куманово: Камион прегази едно лице

Трагедија во Куманово: Камион прегази едно лице

Едно лице загина денеска во Куманово, соопшти СВР Куманово.

Според полицијата, денеска околу 14 часот на крак од улицата „Бајрам Шабани“ товарно моторно возило движејќи се наназад прегазило едно лице кое починало на лице место.

Во тек е увидот на полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.