Хроника 03. декември 2018. / 11:36

Трагедија во Берово: Се превртел со трактор и загинал

Трагедија во Берово: Се превртел со трактор и загинал

Во селото Двориште, Берово, вчера околу пладне загина З.Ц. (39) откако се превртел со трактор.

Додека го управувал тракторот „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, З.Ц. изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот.