Хроника 29. август 2020. / 17:28

Трагедија: Млада девојка се удави во Вардар, а се удави и човекот кој се обидел да ја спаси

Трагедија: Млада девојка се удави во Вардар, а се удави и човекот кој се обидел да ја спаси

Рано утринава, околу 3.00 часот е извлечено безживотното тело на 19-годишна девојка, која синоќа се удавила во реката Вардар во Гостивар. Спасувачките екипи денеска трагаа и по човекот, кој се обидувајќи се да ја спаси скокнал по неа во водите на реката и исчезнал.

Во текот на денешниот ден заврши потрагата по гостиварецот кој ноќеска се обидел да ја спаси 19-годишната девојка.
Телото на 45-годишниот хуман човек денес го извлекле спасувачките екипи.

Инаку, според локалните медиуми, ноќеска околу полноќ девојката била забележана од очевидци во момент кога скокнала од мостот во близина на пазарот во Гостивар, а веднаш потоа во обид да ја спаси скокнал и човекот но двете тела веднаш исчезнале во водите на Вардар.