Вчера во Полициската станица Карпош бил пријавен физички напад врз малолетно лице.
Вчера во 13:40 часот во Полициската станица Карпош, Е.В.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12:40 часот на булевар „Партизански Одреди“, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од две нејзини врснички.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.