Педесет и двегодишен скопјанец со автомобил излетал од автопатот Скопје-Тетово, удрил во бетонска ограда, по што се превртел. Во несреќата тешко повредено е 16-годишно девојче.
Вчера во 09,50 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар, Ш.С.(52) од Скопје, со „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонска ограда од мостот, по што се превртел на кров.
По несреќата 16-годишна сопатничка од Скопје била пренесена во Клинички центар Тетово, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.