Вчера околу 1 часот и 30 минути по полноќта, две 17-годишни лица од тетовското село Долно Палчиште во присуство на нивните родители, пријавиле дека на 26-ти мај околу 22 часот и 30 минути, во близина на малиот стадион во селото, физички биле нападнати, исто така, од двајца малолетници од Калник, на возраст од 15 и 16 години, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Оштетените биле удирани со метални боксирачи по главата и притоа им биле нанесени видливи повреди. Нападнатите од други лица биле пренесени се во тетовската клиничка болница заради укажување лекарска помош.