СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(19) и Б.И.(17), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.
На 11.04.2018 година околу 13.00 часот во маркет во трговски центар во Скопје пријавените одзеле повеќе предмети, а при обид да побегнат физички нападнале жена вработена како обезбедување.