Хроника 12. јануари 2021. / 12:16

Тинејџер тешко повреден откако бил удрен од автомобил

Тинејџер тешко повреден откако бил удрен од автомобил

На 11.01.2021 околу 14,20 часот во Куманово на крстосницата од улица „Кирил и Методиј“ и улица „Перо Чичо“, Д.С.(43) управувајќи патничко моторно возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во М.Т.(19) од Куманово, информира МВР.

По незгодата М.Т. била пренесена во Општа болница Куманово каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.