Малолетно момче било нападнато од маж во скопското село Сарај, информира МВР.
Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје, 55-годишниот Р.Н. пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот во село Сарај, физички бил нападнат неговиот 15-годишен син од страна на 44-годишниот Р.С. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.