Хроника 25. мај 2018. / 14:50

Тинејџер претепан пред дискотека во Градски парк

Тинејџер претепан пред дискотека во Градски парк

На влез во дискотека во Градскиот парк во Скопје, вчера во 03 часот, Д.Д. (18) од село Радишани бил физички нападнат од две непознати лица.

Момчето го пријавил случајот во полиција во 05.30 часот.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.