Хроника 11. април 2018. / 12:03

Тинејџер повреден пред училиште во Скопје

Тинејџер повреден пред училиште во Скопје

Осумнаесет годишниот Ф.Р. од скопско Арачиново е повреден во пределот на стомакот.

Од полицијата информираат дека инцидентот се случил околу 12:45 часот на влезот во средното училиште „Боро Петрушевски“, кога Б.С. (17) од Сингелиќ, со тврд предмет го повредил Ф.Р.(18).

Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.