Хроника 13. август 2018. / 19:30

Тинејџер од Скопје шверцувал мигранти

Тинејџер од Скопје шверцувал мигранти

19-годишно момче од Скопје било фатено од страна на полицијата како нелегално превезува мигранти, а истовремено управувал и возило, без да се стекне со право за управување.

Како што соопштуваат од МВР, 19-годишниот скопјанец на автопатот Гевгелија-Скопје најпрво бил забележан како се движи со голема брзина, а само неколку минути подоцна во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица, по што продолжило со движење кон Демир Капија, каде било запрено од полициски службеници.

На местото биле затекнати девет мигранти, без документи за идентификација.

19-годишното момче и мигрантите се веднаш приведени, од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.