На 03 јули на крстосницата од улица „8 ми Септември“ и улица „7 ми Јули“ во Битола, 16-годишник од Битола, управувајќи мопед „Пежо” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал.
Битолчанецот при падот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола, каде му била укажана помош.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.