Хроника 25. декември 2019. / 20:53

Тетовка со месеци затворена и малтретирана од роднини

Тетовка со месеци затворена и малтретирана од роднини

Деветнаесетгодишна девојка од тетовско село вчера во 18.00 часот во Полициската станица Тетово пријавила дека во периодот од 25 август до пријавувањето од страна на нејзината тетка и нејзин братучед била противправно држена и физички малтретирана на две локации во Тетово.

Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина волја, иако таа веќе имала момче.

По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.