Хроника 20. август 2018. / 13:53

Тетовка доживеала „пекол“: Ја силувал и ја оставил кај најблиските

Тетовка доживеала „пекол“: Ја силувал и ја оставил кај најблиските

Дваесет и шестгодишна тетовка вчеравечер околу 23 часот и 40 минути пријавила силување од 26-годишниот тетовец Ш.И, со кој имала вонбрачно дете и со кого не живеела шест години.

-Два часа пред тоа, Ш.И. дошол во нејзиниот стан, насилно ја внесол во возило и се упатиле кон Гостивар. Патем застанале на паркинг и се заканувал и повеќе пати ја удирал, по што насилно извршил полово дејствие и со возилото ја однесол кај нејзини најблиски во Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Нешто подоцна, таа со такси се вратила и го пријавила случајот во Полициската станица Тетово, а Ш.И. повикан е за расветлување на сите поединости поврзани со овој случај.