Хроника 12. ноември 2019. / 15:11

Тетовец уривајќи стара куќа во еден од ѕидовите пронашол бомба

Тетовец уривајќи стара куќа во еден од ѕидовите пронашол бомба

Вчера во СВР Тетово, М.М.(63) од тетовското село Ѓермо пријавил дека на 10.11.2019, додека изведувал градежни работи за уривање на стара куќа, во еден од sидовите пронашол рачна бомба.

Увид извршила екипа од СВР Тетово во содејство со Дирекцијата за заштита и спасување, чии претставници ја подигнале и транспортирале експлозивната направа за понатамошна постапка.