Хроника 24. февруари 2020. / 15:28

Тетовец со пиштол ги барал назад парите што ги дал за сопругата на Гинекологија

Тетовец со пиштол ги барал назад парите што ги дал за сопругата на Гинекологија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(25) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’.

На 4 февруари 2020, пријавениот со пиштол од вработена на Одделот на гинекологија ги побарал назад наплатените парични средства за хоспитализација за неговата сопруга, по што го напуштил местото.