Хроника 09. мај 2019. / 20:31

Тетовец останал и без пари и без документи – му ветиле работна виза за Германија

Тетовец останал и без пари и без документи – му ветиле работна виза за Германија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 30-годишниот Е.К. од село Урвич,тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.

Во текот на февруари 2018 година во Тетово, пријавениот довел во заблуда 48-годишен маж од тетовско село дека ќе му обезбеди документи за добивање работна виза за него и неговите синови за Германија за што му побарал 400 евра поединечно за секоја виза.

Оштетениот му дал 400 евра, а во два наврати на жиро сметка на пријавениот уплатил уште 24.338 денари, но документите не ги добил.