СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Н. (28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.
На 06.04.2018 година околу 8.30 часот, во патничко возило сопственост на пријавениот, на улица Браќа Миладинови во Тетово, по вребална расправија, тој физички ја нападнал Џ.Ј. по што со возилото се упатиле кон село Желино.
Во близина на селото Џ.Ј. успеала да побегне, по што истата ја изгубила свеста и била пронајдена од случајни минувачи.