Хроника 09. јуни 2018. / 22:02

Тетовец избодел службеник на Министерството за земјоделие

Тетовец кој бил незадоволен избодел службеник на Министерство за земјоделие.

42-годишниот Ј.Р. од село Џепчиште ги извршувал вчера своите работни задачи во зградата на општина Тетово во канцеларија на подрачна единица на Министерството за земјоделие, кога непознато лице незадоволно од работата на Ј.Р. започнало расправија со него.

„По кратко време лицето повторно се вратило и со остар предмет на Ј.Р. му нанел убодна рана во пределот на десната подлактица. Повредениот сам се упатил во Клиничката болница во Тетово каде повредата му била санирана. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“- информираат од полицијата.