СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.А.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги” и против Х.Е.(33) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 15.09.2018 година околу 00.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и возилото во кое биле и пронашле и одзеле марихуана.
Тетовец фатен со марихуана
