Хроника 20. октомври 2020. / 11:15

Тетовчанка ја нападнала седумдесет и тригодишната свекрва

Тетовчанка ја нападнала седумдесет и тригодишната свекрва

Тетовската полицијата соопшти дека свекрва на 73 години ја пријавила снаата за семејно насилство. Настанот се случил во нивната куќа во едно тетовско село.

Седумдесет и три годишна жителка на тетовско село вчера 19 октомври во 9 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 16 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината 37-годишна снаа. Пријавената по извесно време била повикана во Полициската станица Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против снаата ќе следува соодветен поднесок.