Хроника 11. ноември 2020. / 13:37

Тетовчанец ранет во рака додека седел во паркирано возило пред својата куќа

Тетовчанец ранет во рака додека седел во паркирано возило пред својата куќа

Жител на тетовско Пршовце во полиција пријавил дека вчера навечер бил нападнат и повреден додека седел во неговото паркирано возило пред семејната куќа.

Тој за нападот и повредите на левата рака со остар предмет посочил жител на Глоѓи.

Во СВР Тетово вчера во 22 часот и 40 минути, Џ.М.(49) од тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот и 30 минути, додека се наоѓал во неговото паркирано возило пред семејната куќа, му се доближил и физички го нападнал Д.С.(28) од тетовско Глоѓи.Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет со кој му нанел повреди на левата рака, по што се оддалечил од местото, информираат од СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.