Хроника 20. август 2019. / 11:21

Тешко повредени двајца работници во Скопје кои паднале од висина

Тешко повредени двајца работници во Скопје кои паднале од висина

Еден од работниците од падот завршил со тешки телесни повреди, додека вториот има полесни повреди. Случајот е пријавен во СВР Скопје, вчера на пладне дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина.

Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.