Хроника 09. јули 2018. / 11:13

Тешко повредена старица откако автомобил удрил во неа

Тешко повредена старица откако автомобил удрил во неа
Седумдесет годишна старица од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил автомобил марка „Мерцедес“. Несреќата се случила синоќа на улицата “Ферид Мурати“ во Скопје, а со возилото управувал дваесет и девет годишен скопјанец.

Од незгодата Ѓ.С. се здобила со повреди и со истото возило била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.