Хроника 08. декември 2020. / 21:11

Тешко повредена скопјанка откако паднала од автобус на ЈСП

Тешко повредена скопјанка откако паднала од автобус на ЈСП

Скопјанка е тешко повредена, откако паднала во автобус на ЈСП. Настанот се случил на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

Додека Ш.Ш.(64) од Скопје се превезувала во автобус на ЈСП, управуван од Б.Х.(29) од с.Рашче, скопско, паднала во внатрешниот дел на автобусот, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.