Вчера утрото вработен во „Брако” се здобил со тешки телесни повреди додека работел на машина за обработка на жица.
Како што појаснува портпаролот Верољуб Додевски, по настанот лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и повредниот работник бил пренесено на лекување на Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.