Хроника 10. февруари 2020. / 11:12

Тешко повреден возач на камион, излетал од патот

Тешко повреден возач на камион, излетал од патот

Товарно возило „ивеко“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф. (56) од село Стримница, вчера излетало од регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, пред крстосница за село Ростуше.

Според МВР, возачот бил тешко повреден и пренесен во Клиничката болница Тетово.

Случајот е пријавен околу пладне по што екипа од Полициската станица Гостивар извршен увид на местото на несреќата.