Хроника 10. октомври 2019. / 11:05

Тешко повреден тракторист од Љуботен

Тешко повреден тракторист од Љуботен

Тракторист од Љуботен е тешко повреден во несреќата која се случила вчера попладне на местото викано „Јарзиц“, во атар на с.Љуботен, скопско.

Како што соошти МВР, Р.С.(76) од с.Љуботен, при обид рачно да стартува мотор на трактор „ИМК 539“, машината се придвижила кон него, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.