На 20.07.2020 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден С.З.(53) од Скопје. Од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полициски службеници од СВР Скопје извршиле разговор со С.З., кој изјавил дека се повредил околу 12.50 часот на ул.„Скупи“, додека вршел работни задачи како вработен во Комунална хигиена.
За настанот е информиран и трудов инспектор.