Четириесет и две годишниот Е.Ш. вчера бил тешко повреден од автомобил „опел вектра“ управуван од 66- годишниот Р.О. Настанот се случил околу 13 часот на ул.„Сараевска“ во село Горно Оризари, велешко.
Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во незгодата пешакот Е.Ш. се здобил со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Општата болница во Велес.
СВР Велес извршила увид на местото на настанот.