Хроника 19. април 2019. / 11:42

Тешко повреден пешак во Скопје

Тешко повреден пешак во Скопје

На 18.04.2019 годинa во 07.45 часот на улица „Варшавска“ патничко моторно возило „Лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(48) од с.Волково, скопско, удрило во пешакот Б.И.(48) од Скопје. Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.