На 19.07.2018 година околу 15,15 часот на улица „Славчо Стоименов“ во Кочани, Д.И.(40) од Кочани управувајќи скутер непозната марка се превртел на коловозот, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Кочани е препратен на понатамошно лекување во Клиничката болница во Штип. Увид извршила увидна екипа од ПС Кочани.