Хроника

Тешко повреден моторциклист е итно пренесен во Градска болница

Тешко повреден моторциклист е итно пренесен во Градска болница

Вчера во 14 часот и 10 минути на улица „Беласица“ во Скопје,43- годишниот Р.С од Скопје, управувајќи мотоцикл „Трува“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштуваат од МВР.

„Тој по незгодата со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување“ стои во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.