Вчера околу 17 часот во Битола на крстосница од улиците „Никола Тесла” и „Солунска” се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „лада нива” со битолски регистерски ознаки, управувано од М.С. (24) од село Лисолај, Битолско, и мотоцикл „томос АПН” со битолски ознаки, управуван од Р.Ј. (52) од Битола, соопшти МВР.
Тешки телесни повреди здобил Р.Ј., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му била укажана лекарска помош.