Хроника 16. јули 2018. / 10:36

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Нерези

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Нерези

Дваесет и шестгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Нерези.

Според информациите на МВР, вчера околу 16,50 часот на крстосницата од улицата Козле и улицата 1010, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „хонда ЦБ-500“ со скопски регистерски таблици, управуван од Д.П. (26) од Скопје и автомобил „опел агила“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.Ѓ.(31) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил Д.П. кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош, а со телесни повреди се здобила Е.Ѓ.