Хроника 13. март 2019. / 11:27

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во струмичко

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во струмичко

Во регионот на струмичкото село Мокриево, на крстосница од регионалниот пат меѓу селата Куклиш и Банско, во попладневните часови на 12 март се случила сообраќајка меѓу мотоцикл и автомобил.

Како што информираат од МВР, во незгодата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од 59-годишен струмичанец и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од 30-годишник од селото Мокрино.

Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.