Хроника 11. октомври 2020. / 19:30

Тешко повреден работник во Куманово

Тешко повреден работник во Куманово

Во СВР Куманово вчера во 16 часот било пријавено дека С.С.(57) од Куманово паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Индустриска“ во Куманово.

Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.