Хроника 26. јули 2020. / 12:32

Тешко повреден градежник откако паднал од објект во Скопје

Тешко повреден градежник откако паднал од објект во Скопје

На 25.07.2020 во 14.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека Д.Ј.(28) од Скопје, додека изведувал работни задачи во градежна фирма на ул.„Јордан Мијалков“, паднал и се повредил.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Како што соопштија од МВР, на местото на несреќата бил извршен увид.