Работникот С.М. (50) од село Криволак, при изведување на градежни работи во фирма на ул. „Железничка”, во Неготино, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
Работникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Како што информира портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, ,случајот бил пријавен вчера околу 11.00 часот во Полициската станица Неготино
Бил извршен увид на местото на настанот.