Во 18:55 часот во село Форини, гостиварско, вчера 38-годишниот Ј.Ч. од село Чегране, вработен во приватна фирма, изведувајќи градежни работи, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Гостивар, поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа на Надворешната канцеларија за криминалитички работи Гостивар и инспектор за труд,безбедност и здравје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.