Хроника 29. август 2018. / 20:43

Тешко е повреден маж од Марино – го претепале 4 лица

Тешко е повреден маж од Марино – го претепале 4 лица

Четири непознати лица вчера околу 22:20 часот физички го нападнале А.Т.(33) од село Марино, пред угостителскиот објект на улица „500“ во скопското село Марино, по што со возило го напуштиле местото на настанот.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на настанот.