Хроника 19. март 2019. / 18:24

Тешка сообраќајка во Скопје-Мотор излета од патот повредени две лица

Тешка сообраќајка во Скопје-Мотор излета од патот повредени две лица

На 18.03.2019 во 17.00 часот на улица „Нов живот“ во Скопје, мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.И.(43) од Скопје, излетал од патот и удрил во бандера. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана помош,. Додека, сопатничката С.И.(34) од Скопје се здобила со телесни повреди и по укажанат помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ била пуштена на домашно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот.