Тешко повреден е еден од возачите при директен судар на два камиони. Според очевидци камион со кавадаречки регистерски таблички при качување на Плетвар му се запалила турбината од турбо системот.
Од голем чад возачот изгубил контрола и преминал на левата страна при што удрил во друг камион што слегувал од превојот Плетвар.
Ударот бил толку силен што тешко повредениот возач со помош на екипа од професионалната противпожарна екипа е извлечен од возилото и итно префрлен во прилепската општа болница.