Хроника 18. септември 2018. / 11:34

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово: Три лица повредени

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово: Три лица повредени

На 17.09.2018 година во 12,00 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Рено Мастер“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.С.(53) од село Копаница, скопско и патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.И.(20) од Р.Германија.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека сопатникот од патничкото моторно возило “Ауди А3“ Ш.Е.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.