Хроника 05. февруари 2019. / 11:21

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Едно лице е повредено во несреќата која рано наутро се случи на патот Охрид-Ресен кај Буково, поради која беше затворен и сообраќајот.

Охридњуз пишува дека учествувале две товарни возила и автомобил Ауди со кавадаречки таблички. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, возачот на автомобилот се здобил со полесни повреди и е пренесен во болницата Св.Еразмо.

Увидот е во тек, а сообраќајот се одвива по една лента.